ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува истрагата за автобуската трагедија во која загинаа 45 лица

Adnan Qaili

 Продолжува истрагата за трагедијата во која загинаа 45 лица. Но, сè уште нема официјална завршница во бугарското обвинителство за причините за пожарот. Обвинителството во Скопје ги истражува индиректните фактори кои влијаеле да се случи несреќата. Предистражна постапка има и во Министерството за транспорт од каде ги подигнале сите документи од туристичката агенција „Беса транс“. Министерот Бочварски вели дека некој треба да сноси одговорност.

Бочварски најави дека ќе се формира ново тело за намалување на смртните случаи и за обезбедување на патната инфраструктура. Но, истото го најавуваше пред три години и поранешниот министерот Горан Сугарески, која најавуваше Агенција за безбедност на патиштата, но постапката остана заглавена.Во меѓувреме, од делегацијата на ЕУ во Скопје соопштија дека има многу недостатоци во безбедноста на сообраќајот на патиштата во земјава.

„Не е еден, туку повеќе фактори како што се лошата патна инфраструктура, техничката неисправност на возилата, инспекторатот кој треба да си ја заврши работата како што треба…“

 Инаку од четвртокот стапи во сила барањето за секој возач да се сертифицира дали е квалификуван да вози на меѓународни или само на домашни линии.

Просечно во годината број на жртви при сообраќајни несреќи во Македонија се движи меѓу 160 и 200. Статистиката покажува дека од 1991 до 2017 година во сообраќајки во Македонија загинале околу 5.550 лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button