ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците и Алтернатива официјално „раскинаа“

Adrian Kerimi

Алијанса за Албанците и официјално ја раскина коалицијата со Алтернатива. Пратениците на Алијанса ќе функционираат како самостојна пратеничка група. За координатор е назначена пратеничката Илире Даути. Од оваа партија, договорот на Заев и Гаши го сметаат за бесмислен.

„Навистина е дискутабилен пристапот, но и мотивите за приклучување на Алтернатива во Владата, особено ако се земат во предвид изјавите на премиерот во заминување дека договорот потпишан од двата политички субјекта за спроведување на оваа обврска му припаѓа на следниот премиер.“

Актуелниот координатор на пратеничката група на Алијанса и Алтернатива, Скендер Реџепи во текот на денов го извести првиот човек на Собранието Талат Џафери, дека поднесува оставка од координаторската функција. Реџепи вели дека сè уште е рано да се зборува дали ќе побараат уште еден пратеник за формирање самостојна пратеничка група, а за позицијата потпретседател на Собранието, која ѝ се одзема на Беса и ѝ се дава на Алтернатива, не се разговарало во партијата.

„Тоа се прашања за кои треба да се разговара во иднина. Важно е Алтернатива со одлука на Централното Собрание се позиционира со мнозинството и за секој друг чекор ќе бидете навремено информирани.“

Раскинувањето на коалицијата доаѓа по одлуката на Алтернатива да стане дел од мнозинството. Коалицијата беше формирана лани летото кога двете партии заеднички настапија на парламентарните избори на 15 јули и освоија 12 пратенички места. На локалните избори победија во 2 општини, додека по победата во вториот круг на коалицијата ѝ се приклучи градоначалникот на Студеничани, Азем Садику, кој од ДПА премина во партијата на Зиадин Села.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button