ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува судењето за случајот „Софтвери“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето „Софтвери“ во кое поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, заедно со уште шест лица се терети за нелегалната набавка на софтвер.

Advertisements

Обвинителството на денешното рочиште продолжи со изведување на докази во кои образложи дел од комуникацијта меѓу обвинетите која се однесува на набавката на софтверот, а започна и со испрашување на сведокот Александар Пејчиновски.

На денешното рочиште, исто така, Народниот правобранител побара имотно побарување од обвинетите во износ од 18 794 137 денари.

Судскиот процес за случајот „Софтвери“ се наоѓа во доказна постапка.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот Законик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button