ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжуваат истрагите за тројца осомничени за нелегална трговија со марихуана

Судот ја продолжи мерката притвор за уште 30 дена за тројцата осомничени за нелегална трговија со наркотична супстанца марихуана, за која во декември имаше сомнежи дека била украдена од фабриката за преработка на канабис „5 летерс“ од Крушево. Обвинителството најавува дека случајот го истражува Обвинителството за организиран криминал, но не дава детали дали има нови траги во истрагата и дали обвинението може да се прошири.

Advertisements

„Случајот е сè уште во истрага и го води надлежниот обвинител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Се преземаат сите мерки предвидени со Закон со цел да се расчисти случајот“, велат од ЈО.

Алсат од анонимни извори дозна дека Обвинителството сè уште не успеало да ги утврди мотивите на кривичното дело и улогата на осомничениот Т.С. на 22 години од Скопје, кој исто така бил вработен во фармацевтската компанија во Крушево. Не е позната ниту намерата на двајцата странски државјани, 35 – годишник од Албанија со иницијали В.К и 22 – годишник од Косово со иницијали Р.К. Обвинителството работи на потврдување на врската помеѓу тројца странски државјани и контактот на вработениот во компанијата „5 летерс“ со граѓаните од Косово и Албанија.

Одземената количина беше запленета во стан во кој во моментот престојувале двајца граѓани од Косово и Албанија, додека за време на полициската акција, осомничениот Т.С. од Скопје, роднина на заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши се обидел да избега од полицијата, но бил фатен на дело.

Вториот човек на полицијата, Буши еден ден по полициската акција изјави дека одговорноста на осомничениот е индивидуална, гарантирајќи дека неговата позиција нема да влијае на истрагата. Бидејќи за време на акцијата било конфискувано и масло од хашиш и марихуана, во полициската истрага биле вклучени и експерти од Министерството за здравство.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button