ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжуваат критиките на Изет Меџити за работата на извршната власт и внатрешната организација на партијата ДУИ

Продолжуваат критиките на Изет Меџити  за работата на извршната власт и внатрешната организација на партијата ДУИ. Според него, поделбата на одговорностите и позициите во најголемата албанска владејачка партија не се прави врз основа на заслугите за гласовите што ги обезбедуваат членовите. Меџити покажува прст со сериозни обвинувања кон неговиот сопартиец Артан Груби, кој според него, презема повеќе отколку што има капацитет.

Advertisements

„Тој моментално ја извршува позицијата организациски секретар во организацијата што не ја познава добро. Со оставката на Атила Реџепи, тој неофицијално ја извршува функцијата генерален секретар, шеф на кабинетот и прв вицепремиер и ги контролира медиумите за самопромоција и напад на членови на партијата кои мислат поинаку, тој се занимава со Форумот на жени, со Форумот на млади, се занимава со кадровски прашања. Пред народот не се снајде најдобро во 2016 година, и на други избори, во партиските структури во локалниот совет ги загуби изборите, во партискиот совет  не е избран“.

Ваквите реакции, според Меџити, не се борба ниту за функција во извршната власт ниту за наследник на функцијата-претседател на партијата. Всушност, второто, вели Меџити, е теорија измислена од Груби. Артан Груби од друга страна, го нарекува Меџити ветеран на ДУИ. Според Груби, Меџити има капацитет да стане градоначалник.

„Мислам дека има. Верувам дека г. Меџити дал придонес. Тој е политички ветеран, како што рече вчера. Тој придонесува за ова општество веќе 20 години во редовите на ДУИ. Јас лично сметам дека никој од нас не може да го замени Али Ахмети затоа што тој не е претседател на партијата, тој е лидер на едно општеството, тој е извонредна личност на албанската историја“.

Груби смета дека е лична одлука оставката на Изет Меџити од улогата координатор на пратеничката група.

„Одлуката на пријателот, другарот, колегата, членот на партијата, Изет Меџити е лична и ја почитувам. Владината програма беше потврдена со гласање од истите пратеници во Собранието кога беше избрана и Владата. Владата е избрана со владина програма која доби поддршка од овие 62 пратеници и повторно беше поддржана со гласањето за предлогот за доверба“.

Меџити предупредува дека нема да ги поддржува сите иницијативи на Владата во Собранието затоа што тој веќе претставува поинаков глас.

„Застапувам различно мислење во овој период во рамките на ДУИ, со моите забелешки до оваа извршна власт. Од позицијата пратеник ќе бидам малку послободен да ги бранам своите позиции, послободно и без претпоставка дека можам да влијаам на други пратеници или да ги ставам во незавидна позиција.

Вчера, спикерот Џафери соопшти дека Меџити поднел оставката од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието. Тој во емисијата „200“ што  се емитуваше вечерва во Алсат, ја истакна потребата од освежување на партиските органи, централното раководство, блиското раководство и формирање на генерален совет.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button