ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Продолжуваат разговорите со Бугарија за струјата

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска треба да одржи уште еден онлајн состанок со својот бугарски колега околу цената за набавка на струјата, а в четврток со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и со директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи ќе ја посети Турција каде, како што најави, во фокусот ќе биде енергетиката.

Бектеши е оптимист дека со Бугарија ќе се постигне договор и за тоа, како што рече, гледа добра волја. Во однос на разговорите со Турција, пак, ако има нешто конкретно, ќе информира кога ќе се врати.

-Разговорите за цената за набавка на струја од Бугарија не се завршени. Гледам добра волја за постигнување договор што ќе биде во корист на двете земји. Зборуваме за технички работи, за заеднички да се справиме со енергетската криза. Политикантството е оставено на страна. В четврток заминуваме за Турција. Ќе се разговара главно во секторот енергетика. Дали ќе има нешто конкретно, ќе информираме откако ќе се вратиме, изјави Бектеши по вчерашната средба во ИВЗ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button