МАКЕДОНИЈА

Продолжуваат засилените полициски контроли, во Скопје 178 казни за сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, од кои 30 за управување со брзина поголема од дозволената, 19 мерки за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 13 за користење на мобилен телефон.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button