Проф. Косев: Бугарските влади ја зголемија бугарофобијата во С Македонија

Бугарските влади во последните десет години направиja бугарофобијата во Република Северна Македонија десеткратно да се зголеми, смета бугарскиот професрот Александар Ќосев, предавач по модерна културна историја на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, чии корени се од Дојран, пренесе БТА.
Според него, треба да гледаме на ситниците кои нè обединуваат, а не на она што не разделува.
Oва, професорот Ќосев го истакна на видео-конференција на платформата „Зум“ на која беа претставени новиот Клуб за бугарско-македонско пријателство, како и Повелбата за негово формирање.
Еден од основачите на Клубот, Атанас Шарков, на прес-конференцијата најави дека во рамките на Клубот ќе бидат формирани работни групи од експерти и професионалци во различни области – култура, образование, наука, сајбер безбедност, заштита и борба против дезинформации, граѓанско општество и економија.