ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Проф. Османи: Да се забрани барање на оштета за предмети кои застариле

Експертите оценуваат дека во новиот Кривичен законик треба да биде опфатена и одредбата со која се забранува плаќање отштета на лицата и нивните законски застапници против кои обвиненијата се отфрлени поради апсолутна застареност. Поранешниот судија и универзитетски професор Сејфула Османи вели дека надоместокот за процесни трошоци државата може да ја чини милиони евра.

Advertisements

„Во законските измени немаше одредба дека правото на надоместок на процедурални трошоци им е забрането на сите оние чии постапки се прекинати со овие законски измени или за кои ќе настапи застареност. Не постои таква одредба која го забранува правото на процесен надоместок. Тоа се големи суми, да не речам милиони“, вели Османи.

Османи вели дека процесот на конфискација ќе биде отежнат се додека нема кривична постапка против субјектот или физичкото лице.

„Доколку во кривичната постапка каде што имаме специјализиран тужител немаме прифатливи резултати за тоа како и колку е одземен имотот од кривичното дело, во граѓанска постапка не знам како тоа ќе го постигне државниот правобранител. Зошто да бидат повикани на финансиска одговорност ако нема кривична одговорност“, додава Османи.

Владата предложи закон со кој ќе бара оправдување на вредноста на имотот над 50.000 евра. Предлогот во моментов е во фаза на јавна расправа. Имотот што беше планиран да им биде одземен на лицата кои беа предмет на кривични дела се стопира во моментот кога Јавното обвинителство го повлече обвинението. Услов за одземање е доказ за вина.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button