ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Професор Јоргос Кристидис: „Доцни имплементацијата на дел од Преспанскиот договор“

Познавачи на односите меѓу Скопје и Атина коментираат дека Договорот од Преспа не се спроведува со предвиденото темпо. Според грчкиот професор, Јoргос Кристидис во некои сфери има одложувања, а во други – стагнација. Кристидис ја нагласува важноста за спроведување на договорот за обете страни, така што кога Скопје ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ, Атина да не го попречува процесот како што тоа сега го прави Бугарија.

„Имплементацијата не се спроведува толку брзо како што треба во врска со голем број прашања. Второ, има прашања на кои им треба повеќе напредок од други, како што е соработката во енергетскиот сектор. Има други прашања каде има стагнација, како што е прашањето за промена на учебниците по историја. Се работи за мешана слика во врска со спроведувањето на договорот. Она што е јасно е дека нема доволно политичка одлучност да им се даде поттик на билатералните односи врз основа на договореното со преспанскиот Договор.“

Вчера алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милјатијадис Варвициотис, ја повика С.Македонија да продолжи со исполнувањето на критериумите за започнување на преговори со ЕУ, нагласувајќи ја особено потребата од целосна имплементација на Преспанскиот договор. Но, од Министерството за надворешни работи во Скоје тврдат дека обврските се спроведуваат.

Министерство за надворешни работи

Мора да се има предвид дека активностите што се спроведуваат во значителна мера зависат од сложената ситуација наметната од пандемиската криза, што честопати спречуваат планираната агенда да се спроведува навремено.“

Иако Договорот од Преспа е единствена основа за подобрување на билатералната соработка во сите области, во пракса нема подобрување. Ниту Специјалната комисија за трговски марки ниту Заедничката интердисциплинарна комисија, чија задача беше да ги прегледаат учебниците во рок од една година од постигнувањето договор, не дадоа резултати. Партиите сè уште не ги усогласија предлозите, односно забелешките за образовните системи, а тоа се правда со изборите во двете земји и со пандемијата. Комисијата се состана преку интернет на 19 октомври, кога поради новиот состав на грчката страна, се направи само анализа на досега сработеното и план како понатаму. Следниот состанок, седми по ред, се очекува да се одржи „онлајн“ во средината на декември.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button