ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заврши јавната дебата за идејата Шар Планина да стане национален парк

Сè уште не се знае кога Шар Планина ќе стане Национален парк. Јавната дебата за ова прашање заврши, а во Министерството за животна средина сега се разгледуваат сите забелешки на првичното законско решение за Шара. Ќе се оценува дали забелешките на граѓаните да се вметнат во законското решение кое оттаму ќе го пратат на усвојување во Владата.

„За процесот на консултација на јавноста ќе се изработи извештај кој ќе биде јавно објавен….“

Екологистите ја поддржуваат идејата Шара да стане Национален парк. Планината со децении се соочува со нелегална сеча на шума, со загадување, градежна експанзија, загрозување на растителниот и животински свет, а во поново време и со изградба на мали хидроцентрали во срцето на планинскиот масив.

Шар Планина зафаќа територии од Македонија, Косово и Албанија. Во Косово, Шара над 30 години е Национален парк, а кај нас тоа напразно се ветува повеќе од 20 години. Засега само 9% од територијата на Македонија е со статус на национален парк. Тоа се Пелистер, Маврово и Галичица. Но, дури и на тој список да се додаде Шар Планина, со што процентот на заштитена зона би се зголемил на 12%, тоа и понатаму би било далеку помалку од европскиот стандард. Според него, земјава треба да има над 20% од територијата прогласена за заштитно подрачје.

Igor Stefanovski

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button