ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 18 Целзиусови степени

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи во интервал од три до осум Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со умерен ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до седум, а максималната ќе достигне до 16 Целзиусови степени.

Од четврток и во следните денови, како што информираат од УХМР, се очекува стабилно, сончево и топло време.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button