ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Промовиран „One Stop Shop“ со Албанија – дали преминувањето граница ќе се забрза

На граничниот премин Ќафасан меѓу Македонија и Албанија се споија бараките за контрола. Властите на двете страни ова го нарекуваат спојување на границите и олеснување на царинските постапки. Но, искуството од досегашната пракса на моделот „Оне стоп шоп“ со другите два гранични премини, Табановце и Белановце, покажа дека полициските и царинските контроли не се сратија. Работата на едношалтерскиот систем од друга страна оневозможи контрола на два автомобила одеднаш од страна на албанската и македонската полиција, бидејќи автомобилите меѓусебно се попречуваат.

Министерствата за внатрешни работи на Скопје и Тирана немаат интегриран систем за податоци помеѓу нив и продолжуваат да се спроведуваат две проверки на влез и излез. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека во Европа нема граници и не треба да има и на Балканот, што ќе ја олесни слободата на движење.

Премиерот Еди Рама рече дека со новата погранична програма „Една контрола“ се “укинува“границата меѓу Албанија и Македонија, олеснувајќи го движењето на луѓе и стоки. Но, Рама рече дека уште е рано да има унифициран царински и граничен систем.

„Видовме дека од кажано до реализиција треба да протече цело море, бидејќи има многу пречки кои доаѓаат од минатото, а од друга страна и од предрасудите за либерализација на движењето. Ова покрај олеснувањата носи и поголема транспарентност и помал ризик од лоши пракси во третманот на граѓаните и трговските субјекти“, рече Рама.

Само за првите 6 месеци од оваа година, на овој граничен премин поминале над 770 илјади граѓани и над 352 илјади возила. Но, на најголемиот граничен премин во земјата, на Табановце, каде што системот „Оне стоп шоп“ работи со години поврзувајќи го Коридорот 10 со Србија, чекањата во шпицот на сезоната се со часови. Како што информираат од МВР, викендов 29-30 јули на граничниот премин Табановце поминале околу 100.000 возила а се чека и до 3 часа..

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button