ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Промовирано делото „Лексикон на албанските просветители 1941-1971“

По повод Денот на учителот, беше промовирано делото „Лексикон на албанските просветители 1941-1971“ од авторот Авзи Мустафа. Во оваа прилика, професорот Мустафа рече дека се обидел во ова дело да ги сумира сите први наставници на образованието на албански, кои во овој период придонеле за вистинско изучување на албанскиот јазик. Во меѓувреме, професорот Џеладин Мурати рече дека и покрај достигнувањата на албанското образование, училиштата остануваат празни поради политичките случувања.

„Дадов сè од себе, и по домови и по гробови одев, бидејќи некој знаеше име, ама не знаеше датум на раѓање, морав да одам и по гробишта да видам таму како пишува. Сигурно чекате ветување што следно ќе направам, но нема да се занимавам со тоа, бидејќи јас сум во третата доба од мојот живот, и не знам уште колку долго ќе живеам, за да живеам и дејствувам“, рече Авзи Мустафа, универзитетски професор.

„Денес се фалиме дека имаме универзитети, имаме ученици, имаме студенти, но училниците ќе останат без студенти, ќе останат празни бидејќи политиката го раселува нашето население и училиштата ќе останат празни“, рече Џеладин Мурати, професор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button