ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прoнајден хероин, приведени две лица

На наплатна станица Сопот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР и Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода Ш.И.(33) од Куманово и Р.З.(37) од Свети Николе. При преглед во возилото и нивен личен преглед, кај Ш.И. биле пронајдени и одземени околу 35 грама хероин, додека кај Р.З. биле пронајдени и одземени над 4.500 евра, за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Акцијата е спроведена во текот на вчерашниот ден.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button