МАКЕДОНИЈА

Пронајдени 12 мигранти од Непал во возило управувано од српски државјанин

Дванаесет мигранти од Непал вчера се пронајдени на патот Табановце-Куманово во возило „фолксваген пасат“, управувано од српски државјанин.

– Вчера околу 17:50 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце-Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода М.М.(34) од Република Србија, информираат денека од МВР.

Мигрантите биле во возилото „фолксваген пасат“ со регистарски ознаки на друго возило.

М.М. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button