ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Предлог-буџетот за 2024 година е напумпан и не носи развој, туку криминал и корупција

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлог-буџетот за 2024 година, кој вчера беше усвоен на седница на Влада и е проектиран на 5,5 милијарди евра, е „напумпан и не носи развој, туку криминал и корупција“.

„Димитар Ковачевски, СДС и ДУИ за 2024 година проектирале 5м5 милијарди евра за буџет, што е цели 2 милијарди повеќе од буџетот во 2018 година“, се вели во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ објавено утрово.

Од опозициската партија велат дека власта од 2018 година до денес потрошила 25 милијарди евра низ буџети, но не неправила ништо ново.

„Македонија стагнира на секое поле, нема учебници за учениците, нема лекови за болните, нема покачување на пензиите за пензионерите. Шест години 6 години нема еден готов автопат. Кичево – Охрид е во застој, Скопје – Блаце не е ниту почнат“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button