ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пронајдено безживотното тело на момчето кое завчера се удави во Вардар кај неготинско Пепелиште

Пронајдено е безживотното тело на момчето кое завчера се удави во реката Вардар кај неготинско Пепелиште, за МИА потврди Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино.

Advertisements

– Утрово екипата на Брза помош констатира смрт кај момчето. Без знаци за други надворешни повреди, рече Филипова.
Телото било пронајдено во близина на местото кадешто било и давењето.

Завчера околу 16:00 часот во Полициската станица Неготино, З. Ј. (39) пријавил дека неколку малолетници влегле во реката Вардар, при што, еден од нив, малолетник од село Пепелиште, неготинско, не бил виден да излезе од водата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button