Владата ќе ја одржи редовната 99-та седница
Владата на Република Северна Македонија, денеска ќе ја одржи редовната 99-та седница, на чиј дневен ред со повеќе точки од интерес на граѓаните, меѓу кои и носењето повеќе одлуки за заштита на колективното здравје на населението од заразната болест КОВИД-19.
На седницата, како што информираат од владината прес-служба, ќе бидат разгледани заклучоците и препораките од четириесет и четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, одржан на 16 август 2021 година и ќе бидат донесени соодветни одлуки за заштита на колективното здравје на населението од заразната болест КОВИД-19.
Согласно Дневниот ред, на седницата ќе се дискутира и за неколку предлог-закони меѓу кои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, како и повеќе информации за спроведени и планирани активности на министерствата и органи во состав.
За донесените одлуки и заклучоци, владината прес-служба ќе информира преку соопштение по завршување на Владината седница.