РЕГИОН
Пропадна 11-тиот обид за конституирање на косовско собрание

Единаесеттиот обид за конституирање на деветтото свикување на косовското собрание денес не успеа.
Денес, како и претходните два пати, не беше можно да се формира изборна комисија за тајно гласање за претседател на Собранието, како што побара движењето Самоопределување.
56 пратеници гласаа за формирање на оваа комисија, еден беше против, а еден беше воздржан.
Следната седница е закажана за среда во 10 часот.