МАКЕДОНИЈА

Пропадна изборот на нови членови на Комисијата за заштита од дискриминација

Денеска иако требаше, не се изгласа новиот состав на Комисијата за заштита од дискриминација. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата, а собранискиот спикер Талат Џафери ја прекина седницата. Не се знае дали и кога ќе продолжи. ВМРО обвини дека се избира партиска, а не професионална комисија.

Advertisements

СДСМ возврати дека при интервјуирањето на кандидатите присуствувале претставници на невладини организации и неколку амбасади. Во Комисијата е предложен само еден Албанец. И за оваа комисија, како и во случајот со Народниот правобранител, членовите се предложени од партиите што е спротивно од ветувањето од Владата за деполитизација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button