ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пропадна зимската сезона на Попова Шапка

„Туристичката сезона во Попова Шапка заврши. Или, подобро да се каже, воопшто не почна оваа година, бидејќи според проценките, сезоната траеше само 10-ина дена. Паралелно со ова завршија и надежите на бизнисмените на Попова Шапка да работат и да ги повратат инвестициите што ги направија“.
Еден од бизнисмените вели дека се изгубени сите вложувања, вклучително и посветеноста на персоналот. Според него, загубите за оваа сезона изнесуваат десетици илјади евра. Сопствениците на хотели дури велат дека сериозно размислуваат да ги затворат своите бизниси, бидејќи државата воопшто не е заинтересирана за ова туристичко место.

„Имавме многу откажувања. Го имавме резервирано и третиот месец, но дел од резервациите се откажаа поради топлото време. Работевме многу напорно, имавме и постојка за скијачи, така што можеме Попова шапка слободно да ја направиме депонија за кучиња и да ги затвориме хотелите. Овде сите работат за да нема работа. Никој не работи за да се работи“, рече Хашим Хасани – Сопственик на хотел.

Состојбата најмногу ги погоди помалите бизниси. На само шест дена од сезоната, сопствениците велат дека не можеле да обезбедат ниту за леб, а камоли да ја платат киријата на дуќаните. Тие бараат годинава да им бидат опростени кириите, бидејќи во спротивно ќе мора да ги затворат дуќаните.

„Не работевме, шест дена од кога работи жичарницата, дури и скиите што ги изнајмивме ни се оштетени и ни се вратени. Сите треба да се собереме и да разговараме со управата што ќе направиме, како ќе го направиме тоа“, рече еден продавач на скии.
„Имаме загуби што инвестиравме, ништо не сработивме, ништо не добивме“, додаде тој.

Единствена надеж за бизнисите на Попова шапка останува летниот туризам, дури и ако се постигне договор меѓу Министерството за економија и општина Тетово да се пушти жичарницата со шест седишта за панорамски прошетки./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button