
Пензионери од цела држава протестираа пред Владата. Тие бараат линеарно зголемување од 3.500 денари за сите пензии, а најниската пензија да биде 18.000 денари. Тие побараа и оставка од министерката за труд Тренчевска.
„Не ни ги покачуваат пензиите, не понижуваат и не запоставуваат, 3.500 денари ви изгледаат премногу, дури и 20.000 денари минимални пензии ви изгледаат премногу. Но, за нив 78%…, од градоначалниците на општините до претседателот“, вели еден пензионер од Тетово.
Тие порачаа дека се незадоволни и од челниците на Сојузот на пензионери, дури најавуваат формирање на ново Здружение
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска најави дека до крајот на месецов очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите кои земаат помалку.
Алсат