Протест на приватните превозници пред ЈСП

Приватните превозници денеска протестираа пред Јавното Сообраќајно претпријатие и побараа средба со директорот на ова претпријатие. Нивниот револт е зголемен откако ниту Град Скопје ниту премиерот не нудат решенија за, како што велат, исплата на долгот.
Велат дека веќе формирале нов совет и дека со дијалог ќе се обидат да изнајдат решение, во спротивно од следниот понеделник главниот град повторно ќе биде блокиран.
„Направивме нов Совет, тоа не е стариот совет. Сега ќе се обидеме да го реализираме дијалогот поинаку. Не со навреди, туку со дијалог, да си ја вратиме нашата работа, бидејќи во прашање е нашето семејство. 06:09 Финансиската состојба е катастрофа, невработени сме и имаме многу неплатени сметки. Ни стигнаа и извршителите“, рече Мемед Асани- приватен превозник.
На протестот не дојдоа директорите на „Слобода воз“ и на „Макекспрес“ Ленин Јовановски и Милорад Димитриевски, кои со месеци ги поддржуваа превозниците и ги водеа преговорите за исплата на милионскиот долг. Град Скопје на крајот на минатата година објави два јавни повици за околу 50 автобуси и над 100 возачи за пет линии, за кои никој не се пријави, а приватните компании велат дека не конкурирале на огласот на градот бидејќи бил за 5 линии, а не за 16 како порано. Велат дека тоа значи дека дел од нив повторно ќе останат без работа, а згора на тоа немаат доверба во градските власти дека редовно ќе ги иплаќаат, зашто од таму и сега не признаваат дека имаат долг кон превозниците.
Еви Шкопи