ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протест на вработените кај Народниот правобранител

Лишени од нашите права, се бориме за правата на другите. Со ова мото вработените кај Народниот правобранител од денеска почнаа да протестираат за повисоки плати. Велат дека ангажманите на дневна основа се големи, работат и со класифицирани податоци, со лични податоци на граѓаните, особено на најранливите групи, а воопшто не се вреднуваат.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски, порача дека вработените во институцијата Народен правобранител, треба да бидат со платите на ниво со судиите во основните судови.

Протестот на вработените кај Народниот правобранител е предвиден да трае 5 дена, односно до 27 ноември. Во случај протестот да не донесе никакви резултати, Народниот правобранител најавува порадикални мерки за подобрување на нивниот статус.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button