ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дипломирал со 9, а ги чисти улиците во Скопје

Бесим Исмаили е еден од многуте вработени во комунална хигиена- Скопје. Педагошки факултет завршил со просечна оценка 9. Но, иако дипломираше, рано утрово се грижеше за хигиената на Скопје.

„Иако сум со педагошки факултет, животот е динамичен и со една плата не се издржува семејството. Со која оценка дипломиравте? Со 9“, вели Бесим.

Иако 10 години е вработен во комунална хигиена, вели дека се уште нема решение за работа.

„Многу е тешко, иако со искуство рекоа дека ќе ми дадат решение, но не го реализираат тоа што го ветуваат, иако имам завршено педагошки факултет, не знам како да кажам, како живеам. . За издржување на семејството се вработив во комунална хигиена и еве ме. 10 години без решение? Не, немам решение, тоа е факт“, додава Исмаили.

Околу причините зошто нема решение за работа, се обидовме да дознаеме од комунална хигиена на град Скопје, но одговор не добивме.

Во меѓувреме, покрај Бесими, од рано изутрината беа ангажирани и многу други вработени во ЈКП хигиена, чија работа беше зголемена по фудбалскиот натпревар кој се одигра вчера.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button