ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Штетата во Собранието ќе ја платат пратениците на Левица

По инцидентот во Собранието, кога пратеникот на Левица, Борислав Крмов уништи уште дел од инвентарот, спикерот Џафери најави мерки. Тој рече дека материјалната штета треба да ја плати тој што ја предизвикал. Од Собранието информираат дека полицијата спровела вештачење на местото на настанот, при што се вршат проценки за висината на штетата.

„Ќе се формира комисија за проценка на материјалната штета, сметката ќе оди кај оној што ја предизвикал. Граѓаните не можат да платат за уништени компјутери“, вели Џафери.

Пратеникот Крмов, одговори дека материјалната штета ќе ја плател,но уништувањето на парламентарната демократија било неповратно.

Политичките партии постапките на „Левица“ ги опишуваат како драма за политички поени.

„Хистеријата што ја демонстрираат покажува колку се нестабилни овие луѓе и колку се опасни, штетни и непредвидливи за себе и за државата. Среќа што државата нема нуклеарно оружје, не се сомневаме дека Апасиев би го користел“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Левица“, пак, ги обвинија сите партии дека се здружиле.

“Јасно е дека сите политички партии на олигархијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ дејствуваат координирано и сите други партии во Собранието учествуваат во танцот што го играат. Сите предавници кои ја овозможуваат и продлабочуваат диктатурата ќе одговараат“, наведоа од Левица.

На собраниската седница на која беше изгласан новиот Деловник за работа на Собранието, пратеникот на „Левица “ Димитар Апасиев, ги газеше амандманите поднесени од партијата, а кои не беа прифатени. Додека другиот пратеник на „Левица“ Крмов, ја уништи опремата на масата на претседателот на Собранието.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button