ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протест пред Македонски пошти поради неисплатени плати

Протест пред Македонски пошти поради неисплатени плати

Мусин Алили е еден од многуте вработени во Македонски пошти кои протестираа пред поштата барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.

Алили има над 14 години работен стаж како поштар, а со платата што ја зема во висина од 25.000 денари месечно не може да ги покрие ниту основните трошоци за семејството.

„Главната причина е што уште не сме ги земале платите а со таа плата преживуваме, до пред неколку години ги примавме на први додека денес е 18 и се уште не сме ги земале платите и ова е главната причина поради која сме тука.
Колку е вашата плата? 25.000 денари со вклучена храна и превоз.
Можете ли да издржите со таа плата? Не, тешко е. Со денешниот стандард, не можете да преживеете“, рече Мусин Алили, демонстрант.

„Платата во пошта – Социјална помош“, беше еден од натписите што ги држеа вработените кои заедно со Мусини протестираа пред Македонска пошта.
Првиот човек на поштенскиот синдикат Боро Велигденов, додаде дека тие се соочуваат со недостиг од работници но затоа имаат многу шефови.

Освен во Скопје, вработените во поштата протестираа и во Тетово.

„Плата немаме, владата донесе одлука, платите да се исплаќаат до 15 денеска е 18, затоа сме тука. 13 години немаме униформа, ни ја дадоа зимската униформа напролет“, рече еден демонстрант.

Според Македонскиот поштенски синдикат, протестот ќе продолжи и во наредните денови./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button