ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протест пред Уставниот суд поради одземени 30% од платите

На третиот ден од протестот на вработените во Финансии имаше овации и свирежи против Уставниот суд. Пред оваа зграда два часа по ред вработените во Министерството за финансии, Бирото за јавни набавки и Управата за имотно-правни прашања, бараа од судиите во најкраток можен рок да донесе одлука со која ќе се отфлри прекинот на зголемувањето на нивните плати за 30 отсто кои ги добиваа 11 месеци. Од синдикатот УПОЗ велат дека ниту власта, ниту судството не смее да ги заплашуваат демонстрантите, туку бараат средба со претседателката на Уставниот суд за да се даде позитивно решение за 620-тте вработени во овие три институции.

Advertisements

Од Уставниот суд одговорија дека конечната одлука ќе биде донесена во најкус можен рок, но според Деловникот, рокот за ова прашање е 30 дена.

„Горенаведеното лице ги мами вработените што ги застапува, а потоа и сите други граѓани со изјавата:„Наместо да дебатираме со претседателот на Уставниот суд и министерот за финансии во земјава ние дебатираме преку вас медиумите“. Судот, при одлучувањето за поведување на постапката, нема одлучено со цел да ги повреди правата на вработените, туку да ја заштити уставноста, што во конкретниот случај постои како сомнение“, рекоа од Уставен.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, го повика Уставниот суд да донесе одлука пред Нова година, велејќи дека тоа за вработените би бил добар подарок пред празниците.

Уставниот суд има три опции за постапување во овој случај: да им даде право на вработените да продолжат да земаат 30% од платите, докажувајќи дека одлуката е уставна; одлуката на министерот за зголемување на платите целосно да се укине како неуставна, па во тој случај вработените ќе треба да ги вратат добиените 30% за изминатите 11 месеци во државниот буџет; или да ја поништи одлуката, со што повеќе нема да ги земаат овие покачени плати. Уставниот суд на 5 декември привремено ја суспендираше одлуката што произлегува од член 66 став 3 од Законот за буџет, а со која им се дозволуваше зголемување на платите за 30 отсто за овие три сектори.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button