ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протест пред Влада и Собрание за „слобода на уставобранителите“

Со извикување на слоганите „Правда за уставобранителите“, „Оставка“ и „Никогаш северна, само Македонија“, повеќе илјади граѓани вечерва протестираа пред Владата и Собранието со барање за ослободување на осудените за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017.

Протестот почна пред Владата по што демонстрантите се упатија пред Собранието каде и официјално беа соопштени нивните барања. Покрај ослободување на осудените, од говорница беше побарана и оставка од Владата на Зоран заев, распуштање на Собранието, предвремени избори и поништување на Преспанскиот договор.

За „27 април“, 16 луѓе се осудени на затворски казни од над десет години или вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок”. 12 обвинети, меѓу кои и тогашните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, добија амнестија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button