ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протест против измените во Законот за коцкање: „Има обид за преземање на пазарот“

Вработените во обложувалниците најавуваат масовни протести ако пратениците ги изгласаат измените во Законот за игри на среќа. Тие денеска пред Собранието одржаа предупредувачки собир, бидејќи имале информации дека измените наскоро ќе се најдат на пленарна седница. Според нив, со усвојувањето на измените ќе бидат засегнати 10 илјади вработени во овој сектор. Промената на Законот предвидува затворање на обложувалниците кои се оддалечени 500 метри од образовните институции.

Advertisements

Претставниците од Асоцијацијата обвинија дека постои обид преку онлајн платформи да се преземе пазарот на игри на среќа и тој да биде контролиран од, како што велат, неколкумина. Претходно, претседателот Стево Пендаровски најави дека е можно да не го потпише указот, ако измените бидат усвоени. Тие во Собранието беа поднесени со европско знаменце.

„Може само да претпоставуваме колку диви играчници по разни подруми ќе никнат доколку се стави клуч на легалните објекти на игри на среќа. Не случајно во Република Албанија, тамошната Влада се откажа од четиригодишната забрана за игри на среќа, заради отворање на диви играчници и удар врз нивната економија“, вели Горан Стоименов – претседател на АПИС.

„Она што го прави власта е целосно спротивно на здравиот разум. Додека се обидува да наметне рестриктивен и нелогичен закон за лиценцираните приредувачи, тајно и на мала врата самата отвора нови биниси и онлајн платформи со странски партнери за кои пристигнаа првите информации во медиумите дека компании од соседна Бугарија се заортачиле со Владата“, рече Васко Илијевски – претседател на АСОМ.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button