ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протест во Тетово против казино во близина на градинка

Голем број граѓани во Тетово преку протест изразија револт против  отворањето казино во близина на градинката „Риниа“. Од  Движењето против коцкањето остро ја критикуваа власта и побараа земјава да ги следи стапките на Косово и Албанија кои ги затворија сите казина и обложувалници. (Изјава)

“Го прашуваме министерот за финансии од каде го доби правото за законот кој ги помина сите филтри, но го загуби во собраниските лавиринти, а бевме многу блиску до донесување закон кој иако не ги исполнуваше сите наши барања, сепак беше заборавен“, рече Јуши Емрлаху, движење „анти-коцкање“

“Ова покажува дека имаме криза во  функционирањето на правната држава. Апелираме до оние кои треба да ги заштитат нашите социо-економски интереси и основното нешто, семејството. Коцкањето  уништува економии и не дава перспектива, па затоа младите бегаат на запад“, вели Нухи Ганија, демонстрант

“Децата во летниот период активностите ги одржуваат и надвор од објектот, а казиното е многу блиску до нас, така што кога ќе се реализираат активностите надвор, ќе се соочат со казиното. Затоа ние како институција сме против неговото отворање“, вели Бурхан Исени, директор на детската градинка „Риниа“  Тетово. /Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button