ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протест во Тетово, се бара сообраќајна безбедност

Преку протест и блокирање на Индустриската улица, жителите од оваа населба бараат од Општина Тетово да преземе мерки за безбедност бидејќи секоја година има загинати. На демонстрантите им се придружи и семејството на последната таква жртва – шестгодишното девојче кое месецов го загуби животот на тоа место.

„Мора веднаш да преземат мерки. Тоа што ми се случи да не му се случи на никој друг. Сите сме со деца, да не му се случи истото на никој друг“, рече Башким Мемеди, родител на починатото довојче.

Организаторите на протестот од Општината бараат во рок од две недели да постави лежечки полицајци, да ја огради улицата со жичана ограда, да ги осветли местата каде што има пешачки премин и да има полицајци за постојана контрола.

„Бараме да има безбедност за децата кои одат на училиште. Неколку пати сме биле во општината, како населба, се сретнавме и со градоначалничката, ни дадоа многу ветувања, но досега ништо не е сторено за оваа улица. Тука гинат деца”…

„Да се изгради голем кружен тек, да се подели патот на делови и тогаш нема да има можност за брзо возење“…

„Надлежните органи имаат рок од две недели да излезат со конкретни решенија за решавање на ова прашање“, реагираат граѓаните.

Од општина Тетово велат дека за поставувањето пречки на улицата, ќе се побара согласност од полицијата. За воспоставување на надвозник велат дека ќе постапат во рамките на законот со оглед на фактот дека улицата била категоризиран како магистрален пат. Инаку, на ова место секојдневно поминуваат околу 300 ученици од ОУ „Кирил и Методиј“, чии животи се во опасност од несовесни возачи кои не ги почитуваат ограничувањата на брзината и поставениот семафор. Барање за зголемување на безбедност достави и школската управа.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button