ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протести против дигитализација на учебниците, МОН возвраќа: Протестите се апсурдни

Родители на ученици во основните и средните училишта протестираа против дигитализацијата на учебниците. На протестен марш пред Министерството за образование беше побаран референдум за реформите во образованието. Со пароли и овации демонстрантите се движеа од Владата до Собранието. Организаторите рекоа дека новиот закон за учебници ќе биде блокиран со сите можни форми.

Родителите протестираа во неколку градови во земјата. Револтирани се дека никој не ги зема предвид нивните мислења иако станува збор за нивните деца. Демонстрантите побараа оставка од министерката за образование, Мила Царовска.

Од Министерството за образование соопштија дека протестот на родителите е апсурден. Според МОН, дигитализацијата е глобален процес, а С. Македонија се обидува да држи чекор со него. Судири околу ова прашање имаше и меѓу СДСМ и ВМРО. Од владејачката партија тврдат дека зад протестите стои ВМРО за да ги штити милионските бизниси, но од опозицијата возвратија дека дигитализацијата ќе има негативен ефект и врз учениците и врз наставниците.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button