СВЕТ

Протести во Германија; По земјоделците, штрајкуваат и машиновозачите

Протести во Германија; По земјоделците, штрајкуваат и машиновозачите

Земјоделците во Германија одлучија да користат трактори за да ги блокираат клучните патишта низ земјата, па штрајкот се прошири и на железницата. Како што е најавено, германските машиновозачи нема да влегуваат во своите кабини три дена, а тамошниот синдикат одлучи, покрај штрајкот на патниците, тој да го опфати и товарниот сообраќај, што ќе влијае на соседните земји, кои зависат од германските железници до одреден степен.

„Германија е логистичкото срце на Европа“, вели Томас Пулс од Институтот за германска економија, пренесува „Дојче веле“.

 Германските медиуми пренесуваат и податоци од Министерството за дигитални прашања и транспорт на таа земја, според кои, дури 60 отсто од вкупниот товарен сообраќај на „Германските железници“ отпаѓа на транспортот во Европа, а низ таа земја минуваат шест од вкупно единаесет европски железнички коридори за транспорт на стоки.

И сето тоа беше прекинато кога вчера претставниците на Сојузот на германските машиновозачи одлучија целосно да ја прекинат работата на три дена, што, како што пишува германската веб-страница, нема да ги погоди само германските железници, туку и многу компании во Германија, кои ги користат нивните суровини или стоки испорачани со товарни возови./makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button