РЕГИОН

Курти: Србија со практикување на методи на рускиот претседател Владимир Путин претставува опасност

Курти: Србија со практикување на методи на рускиот претседател Владимир Путин претставува опасност

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Србија со практикување на методи на рускиот претседател Владимир Путин претставува опасност не само за Косово и балканскиот регион, туку и за нејзините граѓани. Говорејќи на првиот состанок на неговата Влада оваа година, Курти ја обвини Србија за, како што рече, неправедни, намерни и злонамерни апсења на Косовци и тортура врз сопствените граѓани. (Изјава)

„Србија не е опасност само за нашите граѓани, за нашата безбедност, за регионалната стабилност на Балканот, таа неодамна докажа дека претставува опасност и за нејзините граѓани кои се подготвени да се извинат за српскиот геноцид на Косово. Србија го продолжува своето патување до методите на Путин, од заплашување до нехумана тортура на политичките противници“, рече Албин Курти, премиер на Косово.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button