ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прв лет на релација Скопје – Софија

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска во 09.40 ќе слета авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“, со што ќе се реализира првиот лет на таа релација. Со авионот во Скопје ќе пристигнат македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега, како и туроператори од двете држави. Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратениците на кој треба да се разгледаат можностите и да се дефинирани деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и туристички пакети коишто ќе помогнат да се зголеми бројот на меѓусебните посети на туристи од двете држави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button