РЕГИОН

Прва пресуда за воени злосторства на ОВК: Салих Мустафа осуден на 26 години затвор

Специјалниот суд во Хаг денеска го прогласи Салих Мустафа, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за виновен и му одреди единствена казна од 26 години затвор за тортура, самоволно лишување од слобода и убиство, кои судот ги оцени како воено злосторство.

Мустафа, како што пишува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, е ослободен од обвинението за сурово постапување.

Advertisements

Ова е прва пресуда на оваа институција во врска со истраги за воени злосторства извршени на Косово во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година.

Претходно, на почетокот на заседанието на судот, судијката Мапи Фелт-Фоља рече дека има погрешни толкувања дека обвинувањата за воени злосторства се однесуваат на ОВК и на народот на Косово.

„Во ниту еден момент не и се суди на ОВК“, подвлече таа.

Таа рече дека жртвите што учествувале во судскиот процес против Мустафа се плашат за себе и за своите семејства и сè уште се трауматизирани од она што го преживеале.

Фелд-Фоља оцени дека изјавите на сведоците за време на судењето биле јасни, кохерентни и конзистентни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button