ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Првин консултација со Грција потоа постапка за пролонгирање на рокот за замена на документите

Евентуалното пролонгирање на рокот за замена на личните карти и патните исправи ќе го чека епилогот од разговорот помеѓу претседателот Стево Пендаровски и грчката претседателка, Катерина Сакеларопулу. Премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање, денеска кратко одговори дека надлежните органи би можеле да постапуваат откако ќе добијат информација од претседателот.
„Претседателот Пендаровски кога ќе има разговор со грчката претседателка ќе нѐ информира и потоа ќе можеме да постапуваме, одговори кратко премиерот Ковачевски.