ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи за изјавата на Коп: Блокирањето на патот кон ЕУ е директна причина за неможност за постигнување европски стандард за владеење на правото

Блокирањето на нашиот пат кон ЕУ е директна причина за неможност за постигнување европски стандард за владеење на правото, изјави денеска министерот за надорешни работи Бујар Османи, на новинарско прашање да ја искоментира вчерашната порака на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, дадена на средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети, дека посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава.

-Ова е продолжување на ставот на холандската Амбасада којшто го кажа во неколку наврати пред крајот на минатата година во многу интервјуа. Веројатно ДУИ е еден од тие што најмногу зборуваат за борбата против корупција, се разбира дека и ќе се бара поддршка од страна на ДУИ. Во моите разговори со холандскиот амбасадор имаме суштински две концептуални разлики. Тој смета дека ние можеме да постигнеме европски стандард на владеење на правото и без преговори со ЕУ. Од една страна, некој тоа го чита како комплимент, од друга страна некои го читаат како намалување на притисокот за проширување на ЕУ којшто, еве некој може да каже злонамерен па Холандија е позната по немање на расположение за проширување, вели Османи.

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, вчера на средба со лидерот на ДУИ Али Амети ја пренел порака дека посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button