ВЕСТИЗДРАВСТВО

Меџити: Секое вакцинирање е спас на живот

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, апелираше до сите родители да ги вакцинираат своите деца и да придонесат во спречувањето на ширењето на голема кашлица во земјата.

„Иднината на нашата држава се нашите деца. Секое вакцинирање значи спас на живот. Ги повикувам сите граѓани, за доброто на нивните деца, за доброто на сите граѓани, да превенираме некои работи, затоа што имаме доволно вакцини“, рече Меџити.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button