МАКЕДОНИЈА

Двегодишно девојче од Кичево починало на Клиника, татко ѝ осомничен дека ја претепал

Татко е осомничен дека ја претепал својата двегодишна ќерка, која пред три дена починала на Клиничкиот центар во Скопје по 22 дена лекување, соопшти СВР Охрид.

Според информациите од полицијата, таткото на девојчето е приведен и осомничен дека на 18 декември ѝ нанел тешки телесни повреди во семејниот дом во Кичево.

Девојчето, првично било хоспитализирано во болницата во Кичево, а потоа префрлено на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, каде што пред три дена починало.

„На 10.01.2024 година во 15.30 часот, на улицата ’Маршал Тито’ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф. Д. (30) од Кичево. Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 година починала“, се вели во соопштението од СВР Охрид.

Оттаму соопштија и дека во координација со јавен обвинител, против осомничениот Ф. Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button