ВЕСТИСВЕТ

Првпат по 10 месеци во Британија нема регистрирано смртен случај од Ковид-19

Првпат по 10 месеци во Велика Британија нема регистрирано смртен случај поврзан со КОВИД-19, пренесува Еурактив. Сѐ уште е неизвесно кој став ќе го заземат министрите по однос на ограничувањата во земјата.

Advertisements

Иако 21 јуни беше назначен како ден кога владата ќе ги ублажи преостанатите ограничувања на социјалната интеракција и дистанцирањето, значителното зголемување на инфекции во последните денови, главно од индиската варијанта на вирусот, предизвика загриженост кај научниците дека мерките  треба да останат во сила уште еден месец.

Министрите за здравство во Велика Британија ја припишуваа малата стапка на смртност на успехот на нејзината програма за вакцинирање. Сепак, некои научници предупредија дека без претпазлив пристап, Велика Британија ризикува да види друг бран смртни случаи од вирусот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button