ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Психолозите со препораки: Реорганизација на секојдневието и на навиките за психолошки мир на прагот на зимата

Голем психолошки притисок, анксиозност, неснаоѓање, паника за сопственото и здравјето на семејството, се психолошките последици од падемијата. Особено на прагот на зимата. Психолозите велат дека интервенираат и се обидуваат да им помогнат на граѓаните да ја пребродат психолошката криза. Личната и во семејните рамки.

Според Кристина Павлоски, психолог од невладината Центар за граѓански иницијативи од Прилеп, сите месеци од почетокот на пандемијата се обидуваат да им помогнат со совети на граѓаните. Во почетокот нараснаа психолошките проблеми, но и семејното насилство, во летотото, поради раздвиженоста стагнираа, но сега, на прагот на зимата се зајакнува психолошкиот притисок. Досега помогнале во преку 100 случаи на психолошки проблеми и во случаите насемејно насилство, но очекуваат „наплив“ пред зимата.

Главното прашање за сите граѓани е како да им се помогне, а најмногу како себе си да си помогнат.

Како што објаснува клиничкиот психолог Јован Велески, секојдневните бројки на заболени и починатите се најголемиот притисок. Ама, многу е битно да се смени секојдневниот начин на функционирање. Ништо не е како порано. Да не се троши енергијата на непотребното.

– Не сум голем оптимист. Нема лесно да заврши пандемијата. Психата се оптоварува пропорционално со порастот на заболени лица. Луѓето ги мобилизираат одбранбените механизми. Прво, стресот се појавува од нарушувањето на личните навики на луѓето. Главна е работата на имунитетот изаштитата. Сега треба повеќе да сме подисциплинирани. Луѓето постепено треба да се откажат од некои свои лагодности, од некои навики и сите ресурси да ги стават на зајакнување на имунитетот и да го сменат времето на извршувањето на секојдневните активности. Да се откажеме од работите кои трошат непотребна енергија. Фокусот е на семејството, на домаќинството и на приоритетите. Потребна ни се медицинска едукација и дома и на работното место, објаснува Велески.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button