СПОРТФУДБАЛ

ПСЖ ја одбрани шампионската титула, стана најуспешен клуб во Франција

Фудбалерите на Пари Сен Жермен повторно станаа шампиони на Франција. ПСЖ ја одбрани шампионската титула и по 13. пат го освои пехарот наменет за најдобриот тим во земјата, со што стана најуспешен клуб во Франција. „Светците“ вечерва со нетрпение го исчекуваа поразот на Монако на гостувањето кај Лион со 3-2, со што и математички ја обезбедија титулата.

„Кнезовите“ поведоа уште во првата минута со голот на капитенот Висам Бен Једер. Следеше пресврт на Лион до крајот на првото полувреме. Најпрво напаѓачот Александре Лаказет погоди за израмнување во 22. минута на асистенција на Немања Матиќ, а потоа Саид Бенрама ги доведе домашните во водство четири минути подоцна.

Брилијантниот Бен Једер израмни за Монако, но решавачкиот момент се случи на шест минути пред крајот кога Лаказет маестрално му додаде на Малик Фофана, а неговиот колега во нападот постигна гол вреден триумф на Лион и титула за Пари Сен Жермен на три кола пред крајот на шампионатот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button