
Попладнево околу 16 часот на излезот од Скопје кон Тетово дошло до оружен судир меѓу припадници на МВР и три лица. Според информациите на Алсат од теренот, при обид да бидат уапсени три лица дошло до пукање од двете страни. Алсат дознава дека при акцијата биле уапсени две лица, а третиот избегал. Од МВР го потврдуваат случајот, но не соопштуваат детали. Информација најавуваат за подоцна.