ВЕСТИСВЕТ

Путин, сепак, нема да присуствува на самитот на Г-20 во Индонезија

Рускиот претседател Владимир Путин, сепак, нема лично да присуствува на самитот на лидерите на земјите од Групата 20 на Бали следната недела, соопшти руската амбасада во Индонезија, јави Си-ен-ен.

Наместо Путин, рускиот претседател на самитот ќе биде претставуван од шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави шефицата на протоколот во амбасадата Јулија Томскаја.

Таа додаде дека Путин сè уште одлучува дали ќе се приклучи преку видео-врска на некој од состаноците.

Ова следува по повеќемесечна неизвесност околу учеството на рускиот претседател на самитот на шефови на држави и влади на Г-20, што го организира Индонезија на 15 и 16 ноември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button