МАКЕДОНИЈА

Работна група ќе дебатира за легализација на марихуана за лична употреба

Владата донесе одлука за формирање на работна група која ќе треба да изработи измени и дополнување на законот за легализација на канабисот. Таа ќе работи на измени на законот кои се однесуваат на декриминализација, легализација и искористување на „медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот”. Во неа ќе членуваат институции, здруженија и граѓански организации.

„Работната група за цел ќе има да се фокусира на следните прашања: декриминализација и легализација на поседување на канабис за лична употреба, декриминализација на одгледувањето на растенија за лична употреба, разгледување можности за основање и работење на социјални клубови, зголемување на бројот на здравствени состојби за кои можат да се користи канабис, основање на Агенција за канабис и формирање Фонд од давачките, односно даноците кои компаниите кои произведуваат и тргуваат со канабис ќе ги плаќаат кон државата“ изјави денеска портпаролот на Владата Мухамед Хоџа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button