РЕГИОН

Радев ги повика бугарските пратеници да не дозволат целосна блокада на државата

Очекувам народните избраници да ја исполнат својата должност кон бугарските граѓани и државата и да го конституираат парламентот, рече за новинарите бугарскиот претседател Румен Радев кој во моментов е во Брисел.

Advertisements

Коментирајќи ги неуспешните обиди на бугарските пратеници да изберат претседател на парламентот трет ден по ред, Радев рече дека ако се продолжи со ова темпо ќе се доведе до целосна блокада на државата.

„Не само што има важни закони кои парламентот треба да ги донесе, туку и низа важни државни органи, кои се уставно формирани, а се во нецелосен состав или работат надвор од својот мандат. Ако продолжиме вака, ќе доведеме до целосна блокада на државата“, посочи бугарскиот претседател.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button