ВЕСТИРЕГИОН

Радев најавува нови избори во март доколку пропаднат сите обиди за формирање влада

Бугарскиот претседател Румен Радев на денешните консултации со претставниците на Демократска Бугарија за формирање влада истакнал дека со загриженост ги следи случувањата во Народното собрание последните неколку дена и дека она што сите го очекуваат – „консолидација за успешна менаџерска формула“ оди во друга насока – „до зголемување на конфронтацијата, противење и исцртување линии на поделба“.

Како што посочил Радев, во парламентарна република партиите во Националното собрание се повикани да дадат мнозинство за да формираат редовно функционална влада.

„Како што знаеме, тука нема мали и големи партии, бидејќи одговорноста е споделена. Од последните избори, народот не гласаше за доверба на ниту една политичка сила да владее сама, напротив – парламентот е расцепкан и тоа го прави напорот за проектирање на мнозинството тежок, но не и невозможен процес“, рекол бугарскиот претседател, пренесува БГНЕС.

Според Радев, во сегашната ситуација тешко може да се формира влада.

Во однос на приоритетите по изборите, Радев посочил дека се раководат од две главни цели: да се направи максимум „за да имаме редовна влада, да водиме дијалог и партиите да се оттргнат од агресивната предизборна реторика“ и втората важна цел е консултациите да се темпираат на тој начин што ако има неуспех и не се формира влада, предвремените избори да не се во најтешкиот период, односно јануари и февруари.

„Јас ја носам таа одговорност. Нема да закажам избори во јануари и февруари. Можеме само да замислиме до што ќе доведе тоа, а ризикот од уште помал одѕив на гласачите е реален. Така, третиот мандат ќе биде доделен после Нова година за да има избори во месец март. Ако сите партии излезат и кажат дека веднаш сакаат мандати и се спремни за изборна кампања во декември, Божиќ, празници – и да одиме на избори во најтешки услови, ќе се усогласам. Веднаш ги давам мандатите еден по друг, се надевам дека нема да дојде до трет мандат“, изјавил бугарскиот претседател.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button